Магазин

Андријана Јаневска ќе настапи во Прилеп на 10 октомври

Прилеп ќе биде домаќин на уште една музичка вечер исполнета со празнична атмосфера. Во рамките на богатата програма по повод одбележувањето на 85 години од почетокот на Народното востание на македонскиот народ, на 10 октомври 2026 година во Прилеп ќе настапи познатата македонска пејачка и музичарка Андријана Јаневска.

Настапот ќе се одржи на Камената бина на плоштадот „Александрија“, со почеток во 20:15 часот.

Публиката ја очекува празнична вечер со прекрасна музика, многу емоции и атмосфера достојна за големиот јубилеј. Во рамките на прославата предвиден е и спектакуларен огномет над Прилеп.

Организаторите ги повикуваат граѓаните од Прилеп, но и од цела Македонија, да бидат дел од одбележувањето на овој значаен датум и заеднички да ја прослават годишнината.

Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: