Магазин

„Изрази се-младите го кршат молкот“ настан на СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп по повод светскиот ден на менталното здравје

По повод Светскиот ден на менталното здравје тимот „Синергија“ од Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“-Прилеп денес од 11 часот во Градската библиотека „Борка Талески“-Прилеп го одржа насатнот под мотото „Изрази се-младите го кршат молкот“.

Маја Димоска-Јандреска, психологот во Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ вели дека целта на нивното истражување е да се види со што се соочуваат младите ученици и на што треба да се поработи со нив, и дека стресот и ансиозноста кај истите се доста високи.

„Ние со нашите учиници и тимот за ментално здравје „Синергија“ го направивме истражувањето за справување на учениците со училишниот стрес, анскиозност и притисокот од социјалната средина. Целта ни беше да добиеме резултати и да видиме со што се соочуваат нашите ученици, на кои теми да поработиме во иднина и што да ни биде приоритет за развојот на младите. Истражувањето покажа дека стресот и ансиозноста кај учениците се високи, дека одредени механизми кои се користат ни се познати, меѓутоа целта ни е да ги искорениме тие  механизми  и да продолжиме со здраво справување со стресот и ансиозноста и да ја намалиме стигмата за барање на помош кај учениците“-изјави Маја Димоска-Јандреска, психолог во Средното општинско училиште „Ѓорче  Петров“-Прилеп и додава дека  50% од младите се справуваат со стрес и анксиозност.

Кети Николоска, член на тимот „Синергија“ вели дека стресот и анксиозноста кај младите најчесто ги предизвикуваат очекувањата од родителите, професорите, но и од самите себе.

„Најчесто стресот кај младите  е поради високи очекувања, а најчесто од очекувањата на родителите, професорите  но и од нашите сопствени очекувања, бидејќи секој се стреми кон повисоки резултати и сакаме да го покажиме најдоброто од нас, но многу често не успеваме во тоа и тоа ни создава стрес и анксиозност“-рече Кети Николоска, член на тимот „Синергија“.

Јована Пејовска, член на тимот „Синергија“ кажа дека стресот е чувство кое се чувствува скоро секојдневно, а работите кои се акомулираат во телото резултираат со подолготраен стрес особено кај младите и средношколците.

„Стресот како чувство го имаме речиси секој ден, можеби и во однос на некој ситници и на работи кои ги препишуваме како небитни но сето тоа се акомулира во телото и на крајот резултира со подолготраен стрес кој е особено присутен кај младите и кај средношколците и тоа ни се докажа и со нашата анкета. “-кажа Јована Пејовска, член на тимот „Синергија“.

На настанот беше презентирано и истражувањето кое ученици од тимот „Синергија“ го спреводоа врз 500 млади средношколци од сите средни училишта на територијата на Општина Прилеп. Беа изнесени повеќе точки за тоа како се чувствуваат младите и кога треба да се побара соодветна помош.

Нанастанот разви и панел дискусија помеѓу Гордана Јаневска-Катова-лекар, Елеонора Костоска-Јованоска-негувател во ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп, Михаил Ангелески-студент и Маја Димоска-Јандреска-психолог во Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“-Прилеп. На панел дискусијата беа презентирани и примери за ансиозноста и стресот кај младите, но пораката од панел дискусијата и целиот настан е една, а таа е „Младите да го прават тоа што ги исполнува и да имаат храброст да побараат помош тогаш кога таа им е неопходна.“

Инаку, настанот „Изрази се-младите го кршат молкот“ кој тимот „Синергија“ на  Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“-Прилеп го организираше по повод Светскиот ден на менталното здравје е дел од чествувањата за празникот 11 Октомври.

Од Прилеп за Музика 24 известува: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: