Белгија состави список на продавници што можат да работат за време на вториот карантин најавен за оваа година поради коронавирусот. Продавници кои смеат да работат за време на карантинот се продавниците за храна, аптеките и банките. На изненадување на цвеќарниците, се покажа дека тие исто така остануваат отворени, но смета да продаваат цвеќиња, но не и божиќни украси, бидејќи се сметаат за непотребни предмети.
Одлуката на владата наиде на огромна критика од страна на засегнатиот секторот, бидејќи им се одземаат многу приходи во овој период од годината. Сопственикот на студиото за цвеќе во регионот на фламанскиот Брабант за телевизијата NWS изјави дека одлуката би го чинела бизнисот со цвеќиња околу 50.000 евра.
„Не смееме да продаваме половина од нашите работи. Во овој период од годината, шарените украси за Божиќ сочинуваат околу три четвртини од нашиот обрт“, се пожали сопственик на цвеќарница Дирк, кој стравува дека купувачите масовно ќе ја преминат границата и ќе купуваат новогодишни украси во Холандија.
Сопствениците на овие продавници имаат намера да се обидат да продаваат новогодишни украси преку Фејсбук и останатите социјални мрежи, бидејќи е дозволена продажба преку Интернет.
