Магазин

“Болен ми лежи Миле Поп Јорданов” одлично изведена од холандски хор (Видео)

Миле Поп Јорданов (1877-1901) е македонски револуционер и просветен деец, учесник во македонското револуционерно движење, член, секретар и војвода на Македонската револуционерна организација, брат на познатиот велешки гемиџија Јордан Поп Јорданов Орцето и на Петар Поп Јорданов. Загинал под трагични околности како жртва на непријателска заседа во родниот град.

Во негова чест е испеана познатата народна песна, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов”, која денес е и официјална химна на градот Велес.

Она што го привлече нашето внимание е токму изведбата на оваа далеку позната песна од страна на холандски хор и сопранот Ружана Нахапетјан, во салата „Мартиникер” Дусбург, Холандија.

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: