Магазин

Четкар: Подобро да носам пет дена исти чорапи и гаќи отколку да рибам тоалет (Видео)

Во првата епизода од новата сезона на “Нешто конкретно” една од гостите беше и поранешната на Кајмаковски со кого и јавно зборуваше дека не е во добри односи, па во емисијата Кристина Димитри на прашањето од водителката дали жената или мајката треба да го научи машкото да стане вистински маж одговори:

“Теле се учи, ама кога ќе порасне тоа теле тешко!”, алудирајќи на тоа дека од дома доаѓа сè. Продолжувајќи го разговорот таа образложи и дека не верува во тоа ако нејзиниот поранешен би бил во војска дека би се променил и додаде:

“Јас го препуштив во друго школо таму нека го учат”. Во емисијата чија тема беше: Дали да се врати воениот рок, гости беа и Гораст Цветковски, Владимир Четкар и Генералот Стојанче Ангелов.

Гораст раскажа дека дедо му “го расипал” со тоа што кога го регрутирале донел потврда дека ќе оди на факултет. А имаше и оригинален одговор на прашањето зошто оние кои одлучуваат да одат на воена служба се викаат Питомци? Снеже алудираше на тоа дали се “диви” па се припитомуваат, а Гораст одговори дека Питомци доѓа од змијата Питон оти во војска одат само мажи (со питоните)

Генералот Стојанче Ангелов пак одговори дека е против присилно враќање на задолжителен воен рок потенцирајќи дека и денес постои доброволен воен рок, ама војската мора да се направи атрактивна за да некој одлучи да се пријави. Раскажа и случка како кога бил командир ги терал војниците да пејат македонски песни со тоа борејќи се против Турбо Фолкот.

Музичарот Четкар кој располага со извонреден хумор нагласи дека дисциплината и мотивацијата треба секој да си ја најде сам оти војската не може тоа да го направи за него. А на прашањето што попрво би правел во војска Чистење тоалети или не менување долна облека повеќе од 5 дена. Одговори:

“Мене рацете за уметност ми се, ќе си носам 5 дена чорапи и гашти – имат разни фетиши”. Нешто конкретно се емитува секоја недела во 17ч. на Телма телевизија.

Во продолжение, погледнете ја првата епизода од новата сезона:

Можеби ќе ве интересира: