Маж од Бангладеш кој стана познат како “човекот дрво” поради бројните кожни израстоци по телото кои наликуваат на кора на дрво и за кој се сметаше дека е излекуван, ќе оди повторно во болница, за да биде опериран повторно, пренеоа агенциите. 28-годишниот Абул Бајндар е заболен од ретка генетска болест, веруциформна епидермодисплазија. Веста за Абул го обиколи светот во 2016 година, кога за прв пат беше сместен во болницата во Бангладеш.
Своевремено лекарите од универзитетската болница во Дака го прогласија за излечен, но подоцна тој неколку пати беше погоден од рецидиви на болеста и беше опериран вкупно 25 пати.
“Здравствената состојба се влоши и сметам дека ќе бидат потребни нови хируршки интервенции”, вели д-р Саманта Лал Сен од болницата. Сивозелените кожни израстоци се главно по рацете и му пречат да се служи со нив. Абул не работеше со години и беше лекуван бесплатно. Во 2017 година во универзитетската болница во Дака беше лекувана девојка од Бангладеш од истата болест.
