Згодниот и бескрајно шармантниот Енрике Инглесиас има фанови од цел свет. На неговите песни се заљубуваат, танцуваат… Но, освен на концертите, никој не би очекувал да го сретне на некое сосема обично место.
Енрике одлучил да провери дали луѓето ќе го препознаат и дали девојките ќе му се додворуваат, ако се појави како обичен продавач на хамбургер во еден ресторан за брза храна. Бил малку безобразен, не им го давал на луѓето тоа што го барале, и се додворувал на актерката Ејми Смит, која исто така не го препознала. Се шегувал со девојките, но им ја плаќал храната на постарите.
Погледнете како изгледа Енрике во акција, а веруваме дека секој актер ќе му завиди на неговите актерски способности.
