Магазин

Дали знаете како изгледа најмалиот хотел на светот (Фото)

Ако некогаш сте се прашувале како изгледа животот во мала и добро опремена куќа, одговорот Ви го нуди одморалиштето сместено во шумите на Орегон.

Ова ново викенд одморалиште, кое стекна голема популарност веднаш по неговото oтворање, го носи името Tiny House Village, што во превод значи Село на мали куќички. Ова одморалиште се состои од 5 куќички со површина од околу 20м2, а секоја од нив е толку различна, полна со занимливости и изглед кој воодушевува.

На само еден час оддалеченост од Портланд се наоѓа ова волшебно место за одмор, кое е сместено во толку мирен предел, прекрасна природа и потсетува на сцена од некоја бајка или детски филм. И покрај оддалеченоста од нормалниот свет,ова одморалише ги нуди сите погодности за уживање.

Секоја куќа е опремена со греење, климатизација, струја и ТВ. Креветите се со нормална големина па можете да се одморитебез никакви попречувања. Целиот простор во овие куќи е максимално искористен плански направен да Ви обезбеди беспрекорна удобност. Почувствувајте го трендот на мир на живеење.

Можеби ќе ве интересира: