Песната “Dance Monkey” на австралиската поп ѕвезда Tones and I е најпребаруваната песна на апликацијата Shazam на сите времиња, објави Би-би-си. Повеќе од 200 милиони луѓе месечно ја користат апликацијата Shazam за да идентификуваат песни што ги слушнале, а не ги знаат имињата. “Dance Monkey” била пребарувана 36,6 милиони пати, соопшти компанијата.
„Немав публика кога ја објавив “Dance Monkey”, но ми даде можност да стигнам до повеќе луѓе и да ја подигнам мојата фан-база, што доведе до создавање кариера за мене“, рече Tones and I.
“Dance Monkey” помина 11 недели на местото број еден во Велика Британија на крајот на минатата година и се најде на првото место на топ-листите во 29 други земји. Второто место го освои хитот на Lilly Wood & The Prick од 2014 година – “Prayer In C”. На трето место е песната “Let her go” на Passenger.
