Магазин

Дали знаете колку бои на пасоши има и што тие значат?!

Црвена боја

Црвените пасоши се најчести, а нив ги бираат земјите со комунистичко минато. Црвена боја на пасошите имаат Србија, Словенија, Кина, Русија, Романија, Полска и Грузија. Од друга страна, црвена боја на пасошот имаат скоро сите земји членки на ЕУ, освен Хрватска. Интересен факт е тоа што земјите коишто сакаат да влезат во ЕУ исто така имаат црвен пасош. Тука спаѓаат Турција, Македонија и Албанија. Црвен пасош имаат Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу.

Сина боја

Синиот пасош го претставува „Новиот Свет“ на којшто му припаѓаат 15 земји од Карибите. Оваа боја ја користат и членки на трговскиот сојуз Меркосур – освен Венецуела, која се уште има црвени пасоши. Граѓаните на САД имаат сини пасоши уште од 1976 година.

Зелена боја

Зелен пасош имаат граѓаните на скоро сите земји каде исламот е доминантна религија, оти се смета дека зелената боја била омилена боја на пророкот Мухамед. Зелени пасоши имаат и земјите од економската заедница на западноафриканските земји, како Буркина Фасо, Нигерија, Нигер, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал.

Црна боја

Црн пасош имаат само неколку земји. Од земјите во Африка тоа се Боцвана, Замбија, Бурунди, Ангола, Конго и Малави. Нов Зеланд користи црн пасош, бидејќи во оваа земја црната е национална боја.

Можеби ќе ве интересира: