Во САД постојат низа на бизарни закони. За среќа, добар дел од нив не се спроведуваат, бидејќи замислете да бидете обвинети за тоа што магарето спиело во када. Да, и ние не веруваме што напишавме, но тоа навистина постои и тоа во Аризона. Но, тоа е само почеток, а на листата на бизарни закони е подолга, па слободно забавувајте се додека читате…
- Алабама: Не е дозволено да се носат лажни мустаќи кои предизвикуваат смеа кај луѓето додека сте во црква.
- Алјаска: Не е законски да се буди мечка која спие. Да, сигурно тоа не ни паѓа на памет…
- Колорадо: Не јавајте доколку имате температура, би можеле да платите казна!
- Флорида: Ако поседувате слон и го врзете на паркинг, за него мора да платите ист износ на пари како за паркирање автомобил.
- Хаваи: Во овој островски рај не е дозволено да се ставаат канали во ушите.
- Илионоис: Малолетниците не смеат да консумираат алкохол, освен ако станува збор за кулинарска емисија.
- Индијана: Сакате мустаќи? Доколку сретнете некој и сакате да се поздравите бакнувајќи се, подобро е да ги избричите за да не Ве обвинат.
- Калифорнија: Забрането е да се јаде жаба која учествувала во натпревар во скокање со жаби.
- Јужна Каролина: И додека во Аризона е забрането во када да се чува магаре, овде тој закон се однесува за коњите.
- Луизиана: Планирате некој да изненадите со вкусна пица? Подобро не го правете тоа, бидејќи Ви се заканува казна од 500 долари ако му испратите пица на некој, а за тоа претходно да не сте го известиле.
- Мериленд: Стоп за маиците без ракави! Барем во парковите, каде тоа е забрането.
- Мичиген: Ако сопругот не даде дозвола, жените не смеат да ја скратат својата коса.
- Мизури: Противзаконски е да се пренесуваат мечки кои не се сместени во кафез.
- Њу Мексико: Овде баш не се добредојдени Ромео и Јулија, со оглед на тоа дека од книгата на Шекспир се цензурирани со дури 400 зборови.
- Њујорк: После 10 навечер заборавете на топлинки, тие се забранети.
- Орегон: Лов на животни на гробишта? Не знаеме како некој би помислил на тоа, но во Орегон тоа е противзаконски.
- Тексас: Забрането е да се продаваат очи.
- Јута: Во државата Мормона е забрането да не се пие млеко. Не е само јасно колку треба да испиете за властите да бидат задоволни.
