Како што пренесуваат балканските медиуми, пејачката и поранешна судијка на регионалното “X Factor” шоу Емина Јаховиќ, поради труење со храна завршила во болница на инфузија. Веднаш кога почнало да и се лоши на пејачката била пренесена во болница каде биле превземени сите неопходни мерки, а по кратко време таа се чувствувала добро. За време на примањето на инфузија, таа постирала фотографија на Instagram каде како статус напишала дека не се чувствува добро и дека е во лошо расположение, по што следеле низа пораки за добро заздравување.
Претходна објава
Следна објава

