Вечерашното издание на „Icon Show“ донесе исклучително емотивна исповед на Оља, која отворено проговори за семејната трагедија, но и за личната борба со анорексијата и булимијата. Во разговорот, таа откри како нејзиниот татко дознал дека се соочува со овие сериозни нарушувања во исхраната, како реагирал на сознанието и колку тој период бил тежок за целото семејство.
Во еден момент од емисијата атмосферата стана тензична, а дојде и до вербално несогласување меѓу Оља и Александар Темелков. Водителот Дејвид Давидовски продолжува да гради поинаков пристап – емисии во кои најважни се човекот, вистината и поддршката за оние чиј глас ретко се слуша.

Во најновото издание на „Icon Show“, Давидовски уште еднаш отвори простор за искрена и емотивна исповед, давајќи ѝ можност на Оља јавно да ја раскаже својата животна приказна и да проговори за тешките моменти низ кои поминала. Наместо да бара сензација, емисијата беше насочена кон разбирање, поддршка и подигнување на јавната свест за важни животни теми.
