Магазин

Гевгелија во пресрет на 2025: Традиционален дочек со музика и забава (Фото)

Градскиот плоштад во Гевгелија повторно ќе биде центар на незаборавна забава за дочекот на Новата 2025 година! Во организација на Општина Гевгелија, овој настан ја продолжува долгогодишната традиција на заедничко прославување, исполнето со насмевки, музика и дружење.

На 31 декември, со почеток од 20:00 часот, плоштадот ќе се претвори во вистинска сцена за врвна забава. Програмата ќе биде предводена од омилениот водител Никола Опров, додека за добро расположение и хумор ќе се погрижи неповторливиот стенд-ап артист Дејан.

Музичката програма вклучува настапи од некои од најпознатите изведувачи: Ефто Пупиновски и Милениум Бенд – за љубителите на традиционалната музика, Либра Бенд – со нивниот урбан звук ќе го разиграат плоштадот и Здружение “Внимание”, Европорта Фест и Ѓорге Митров – ќе додадат посебна енергија на вечерта.

Со цел да ја зачуваме традицијата и да продолжиме да го развиваме културниот живот на Гевгелија, овој дочек претставува уште еден чекор кон промоција на градот како урбано и модерно место за живеење.

Дојдете, бидете дел од магијата и дочекајте ја Новата 2025 година во весело и пријатно друштво!

Можеби ќе ве интересира: