Магазин

Гласајте за Андријана Јаневска

Од неодамна нашата позната македонска поп пејачка Андријана Јаневска се натпреварува за учество во европскиот музички он лајн фестивал кој што се одржува во Париз. Таа како еден од подобрите женски музички вокали во Македонија, доколку биде во првите 10 рангирани, ќе ја претставува нашата земја на фестивалот кој ќе биде пренесуван во живо во над 88 земји низ светот. И Специјализираниот македонски музички портал Музика24 се вклучува во акцијата нашата позната поп пејачка да се најде помеѓу 10-те најдобри на ова натпреварување.

Единственото нешто што Вие би можеле да го направите е следново: на следниот линк >Андријана Јаневска< со само еден клик на него директно сте на страната каде треба да гласате за Андријана Јаневска, од десна страна горе само кликнувате на Vote with Facebook и доколку не сте логирани на Вашиот фејсбук профил, логирајте се и гласајте за нашата македонска претставничка. Во продолжение Ви го споделуваме статусот на Андријана Јаневска кој таа неодамна го напиша на својот фејсбук профил:

“На покана на организаторите, се натпреварувам со песната “Животот е убав”. Доколку бидам помеѓу првите 10, ќе учествувам на големиот концерт во Париз кој ќе биде пренесуван во живо во над 88 земји низ цел свет. Плус, ќе имам можност три дена да снимам во Black Rock Studio кое во 2009-та година било прогласено за најдобро музичко студио на светот. Некои од артистите кои снимале таму се: One Republic, Steve Harris, Joe Bonamassa, Lauren Harris, Adam Anders… Доколку сакате, гласајте за мене максимум еднаш дневно од еден компјутер. Гласањето е отворено до 10-ти мај. Кога ќе кликнете на линкот, десно пишува VOTE WITH FACEBOOK. Однапред ви благодарам!”, напиша Јаневска на својот фејсбук профил.

Ајде да и помогнеме на нашата поп пејачка достоинствено и како што треба да се најде помеѓу првите 10 и да не претстави во Париз пред милионската публика.

Подготви: Андреа Андреевиќ

 

Можеби ќе ве интересира: