Девојката која смени неколку тв емисии, редакции и очиглено има само желба да биде водителка, Нина Ред, го допре телевизиското дно. Таа во тв емисијата „Сврти на игра“ која се емитува на новата Вистел телевизија (во јавноста попозната како попска тв) водејќи ја емисијата и најавувајќи ги музичките вести, после извесен период се обрати кон гледачите со следните зборови:
„Режија ми го скрати и спотот и песната… а денеска нешто се наоштрени. Штом е така јас си одам, за мене оваа емисија заврши, јас не сум задоволна од овој тим и јас си давам отказ – live. Збогум. Чао“.
И после сево ова се прашуваме дали го допревме телевизиското дно и што е следно?!
Фото: YouTube
