Магазин

Gucci „објави војна“ на копиите

Директорот на модната куќа Gucci, Алесандро Микеле, уште еднаш покажа зошто е моден генијалец – создаде бизарна колекција што е духовит одговор на целиот плагијат на неговиот дизајн. Gucci објави голем број парчиња кои се тотално „мета“ – затоа што се автентични, преценети парчиња на кои има натпис „лажни“. Тоа е одлична игра на Микел, со која тој испрати одлична порака до сите плагијатори – и ги има многу.

Веруваме дека само парчињата Louis Vuitton се почесто копирани од чантите на Gucci, ремените, чашите, облеката. Колекцијата има 14 парчиња, а цените на некои достигнуваат 2.000 евра. Најевтиното парче од колекцијата е мал паричник, кој чини околу 300 евра.

Патики, дуксери, папучи, паричници и сите други парчиња од колекцијата имаат класична двобојна лента што за прв пат беше видена лансирана во 80-те години на минатиот век. Токму во овој период, логото и мотивите на Gucci беа нелегално присвоени за прв пат.

Извор:ВакаТака

Можеби ќе ве интересира: