И покрај реакциите, предупредувањата и молбите од тв Канал 5 телевизија и директорот Иван Мирчевски “Ѕвездите на Гранд” и “Никогаш не е доцна” да не се емитуваат на тв Сител, сепак, тоа помина како и никој да не го споменал и кажал. И покрај нашите обиди да исконтактираме со одговорниот за програма, сепак, од Сител телевизија не не удостоија со таа информација. Па така, преку тв форшпаните “изненадени” дознавме дека од денес 1-ви јануари на програмата на Сител стартува музичкото тв шоу “Никогаш не е доцна”, а веќе утре 2-ри јануари “Ѕвездите на Гранд”.
Дали поради празниците или не, се уште нема реакции од Канал 5 телевизија, но ние секако ќе бидеме први како и секогаш, и ќе Ве известиме за тоа што и како ќе направи засегната страна и директорот Мирчевски.
А во меѓувреме, на сите оние на кои им недостасуваше реалното и музичко натпреварувачко шоу тогаш истото може да го погледнат на новата фрекфенција Сител телевизија и да уживате во истото.
