„Понеделнички“ е новата песна со која Дарко Гроздановски се враќа на музичката сцена по тригодишна пауза. Музиката и текстот ги потпишува Игор Џамбазов, а песната носи брза, разиграна и љубовна приказна за едно срамежливо момче и девојката во која е вљубено.
„Песната е моја авторска, но ја пее Дарко Гроздановски. Тој е еден талентиран млад пејач од Битола кој ми се допадна и ме „купи“ од прва. Песната е добро прифатена, а спотот одлично поминува. Секој понеделник ја има на радио станиците што всушност тоа ни беше и идејата. Дарко е еден од оние што ќе бидат следните ѕвезди на македонската пејачка сцена, едно преталентирано дете што за мене е чесно умно и чисто дете. Му предвидувам светла иднина“-вели Игор Џамбазов, за песната „Понеделнички“.
Инаку, песната е проследена и со интересен видео спот во кој директно е интригиран и во кој се појавува самиот Џамбазов.
Прилогот го подготви: Христијан Ангелески
