Магазин

Индонежанец платил алиментација со монети тешки 890 килограми

Индонежанецот Дви Сусиларто го исплати заостанатиот долг за алиментацијата во висина од 14.520 долари во монети, а за да ги донесе 14-те вреќи тешки 890 килограми беше потребно да организира вистински логистички потфат. Судот во мај му одреди на Сусиларто да плати 178 милиони рупии за заостанати алиментации на поранешната сопруга, која покрена тужба за “финансиско запоставување”.

За таа цел Сусиларто успеал за три месеци да собере 155 милиони рупии во монети, а останаатиот дел од долгот го исплатил во готово со банкноти. Тој вреќите со кованици во судот ги однел со помош на двајца пријатели.

Можеби ќе ве интересира: