Магазин

Интернационалниот танцов натпревар „Стејџ 2024“ го воодушеви Скопје (Фото)

Изминатиот викенд, сцената на Македонската опера и балет во Скопје блесна со неверојатната енергија и посветеност на над 2000 деца од различни возрасти, од 10 различни држави, односно – 36 танцови студија и балетски групи.

Ова беше вистински спектакл, празник на насмевки кој потврди дека танцот е чудо, но успешноста на оваа професија, исто како кај другите, зависи од талентот, посветеноста и вежбањето. А овие деца танцуваа со најмногу љубов освојувајќи ги срцата на домашната и меѓународната публика.

Скопје дишеше три дена во ритамот на танцот, а на него учествуваа над 5000 лица од Романија, Хрватска, Турција, Бугарија, Србија, Грција, Косово,Словенија, Унгарија и Македонија .

Настанот се одржа на двете сцени во МОБ, траеше цели 13 часа, исполнети со настапи во различни танцови стилови: класичен и современ балет, акробатски и улични танци. Натпреварувачите ја демонстрираа својата извонредна посветеност и уметничка експресија, создавајќи вистински спектакл за сите присутни и за сите возрасти.

Како круна на настанот беше Гала вечер каде настапија 14-те најдобри кореографии, избрани од еминентните судии на натпреварот. Тоа беше момент на инспирација за сите, кој го истакна најдоброто од младите таленти и остави силен впечаток на публиката. Гранд прито и припадна на акробатската група Тапија Денс Хаус од Софија, Бугарија.

Стејџ е е континуирано препознаен и подржан од Министерството за култура и е организиран од Тамара Ѓурчиновска и балетското студио „Арт Балет“.

Можеби ќе ве интересира: