Кога ќе помислите на Јарец, не помислувате само на хороскопски знак, туку на вистински генијалци кои го освојуваат светот со стил, труд и малку магија. Оваа амбициозна дружина навистина ги поставува стандардите високо – дури до врвот на Еверест, па и подалеку!
Елвис Присли, кралот на рокенролот, кој беше толку талентиран што дури и гравитацијата не можеше да го спречи да се крене на врвот на музичките топ-листи. Потоа, тука е Кејт Мидлтон, идната кралица која со својата грациозност успеа да ја освои не само британската монархија, туку и срцата на милиони луѓе.
А ако мислите дека само на сцената и во кралските палати Јарците блескаат, се лажете. Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, докажа дека небото е граница – па макар и на теренот.
Но, оваа „супер-екипа“ не завршува тука. Бредли Купер (5 јануари) ни ја разубави филмската индустрија со талент и шарм. Орландо Блум (13 јануари) ни донесе магија како Леголас и романтика како Вил Тарнер. Џон Леџенд (28 декември) пееше како да секоја нота е создадена за нашите души. Ајде да не го заборавиме и Рики Мартин (24 декември), кој ни ги раздрма колковите со своите незаборавни хитови, или Џим Кери (17 јануари), кој со својата комична генијалност не’ тера да се смееме дури и во најтмурните денови. Џаред Лето (26 декември) е тука за да го покаже својот мултиталент – актер, пејач, па и стил икона.
И конечно, како шлаг на тортата, го имаме Тимоти Шаламе (27 декември), младиот актер кој успеа да ја освои публиката со својот шарм и талент, докажувајќи дека Јарците и натаму владеат во сите полиња.
Јарците се доказ дека успехот не доаѓа „од денес за утре“, туку со многу труд, посветеност и малку онаа типична нивна магија. Па, ако сте Јарец – гордејте се! А ако не сте, барем уживајте во нивните успеси.
