Магазин

Погледнете: Како изгледа жената “мама две чевли” од цртаниот филм Том и Џери (Фото)

Конечно откриена големата мистерија која што со години ние кои што пораснавме со овој мега популарен цртан филм, и оние кои допрва ќе растат, се прашувавме кој стои зад ликот “мама” во цртаниот филм Том и Џери. Како што и самите знаете, овој цртан филм е еден од најпознатите цртани во историјата. Првата епизода е емитувана во 1940-та година.

Покрај мачето и глувчето помеѓу кои се одвива и главната драма, понекогаш во некои епизоди се појавува и уште еден лик, односно, жена од афроамериканско потекло во чиј дом живее мачорот Том, а таа го храни и чува, но понекогаш и го брка. Анимираниот лик на “мама” никогаш не беше прикажан, но затоа знаеме кој го позајми нејзиниот глас.

Тоа е Лилијан Рандолф, американска актерка и пејачка која беше активна на телевизија уште од 1930-те години до последниот ден од нејзиниот живот.

Можеби ќе ве интересира: