Магазин

Кои се филмовите кои треба да ги погледнете за време на новогодишните и божикни празници

Во делот на забава и овој пат редакцијата на Музика24 ви нуди предлог филмови кои треба да ги погледнете за време на претстојните новогодишни и божиќни празници. Сите знаеме дека месецот декември е совршено време да ги гледаме сите филмови што ги имаме проуштено во текот на годината или да се релаксираме со тематски наслови за празници.

Затоа листата која следи има филмови од жанрови комедија, драма и авантура. И се она што треба вие да го сторите е да изберете омилен наслов, да создадете пријатна атмосфера и проекцијата може да почне.

Новогодишен филм – предлог број 1: “Love Actually”

Ниту еден новогодишен период не може да помине без “Love Actually”. Филмот за кој фантазиравме и плачевме премногу пати може да се гледа на “Нетфликс”. Одлична актерска екипа, вклучувајќи ги Хју Грант, Кира Најтли, Лиам Нисон и Ема Томпсон.

Новогодишен филм – предлог број 2: “Holiday in the Wild”

Ова е филм кој ја придружува ново разведената Кејт (Кристин Дејвис) која сама оди на втор меден месец во Африка. Што се случува после тоа и точно кога ќе се појави Роб Лоу, ќе откриете доколку ја погледнете оваа романтична комедија.

Новогодишен филм – предлог број 3: “The Holiday”

Уште еден празничен филм со фантастична актерска екипа и повеќе од забавна приказна. Кејт Винслет, Камерон Дијаз, Џад Лоу и Џек Блек се само дел од тимот што го прослави овој филм.

Новогодишен филм – предлог број 4: “Marriage Story”

Ако сте во групата луѓе кои повеќе би сакале да гледаат добра драма од божиќен филм, во тој случај “Marriage Story” е одличен избор, го има веќе и на Нетфликс, Во главните улоги се Скарлет Јохансон и Адам Драјвер. Емоционална, љубовна приказна исполнета на моменти и со драма. Се се врти околу брачната двојка, која заради љубовта ги преминува сопствените граници. Филм кој што мора да се погледне.

Новогодишен филм – предлог број 5: “The Great Gatsby”

Можеби нетипичен избор за празник, но некако во декември, филмот “The Great Gatsby” е направен по романот со исто име, во кој глуми Леонардо ди Каприо. Без да ви откриеме премногу, само ќе ви кажеме дека ова е визуелен спектакл и дека Ди Каприо во оваа улога е веќе прекрасен Божиќен подарок. Затоа, ќе биде одлична идеја овој филм да го гледате во друштво на пријатели.

Можеби ќе ве интересира: