Магазин

Кои се невообичаени ритуали постојат за дочекот на Новата година

Додека голем број жители на Тајланд ја одбележуваат Нова година со огномет, стотина верници одат во храмот Такиен во предградие на Бангкок да лежат во м*товечки сандаци во текот на традиционалниот ритуал. Учесниците на бизарната церемонија веруваат дека тоа ја симболизира смртта и повторното раѓање и оти тоа им помага да се ослободат од лошата среќа, како и оти тоа ќе им донесе нов почеток во следната година. За време на обредот тие во рацете држат цвеќе и темјан, додека свештениците ги покриваат со розови чаршави и при тоа изговараат молитви.

Мнозинството Јапонци за Нова година ги посетуваат манастирите и светилиштата, а околу 30.000 илјади од нив 2019-та година ја дочекаа гладајќи боксерски натпревар меѓу Флојд Мејведер и кикбоксерот Тенџин Насукаве.

Во Кина Нова година се одбележува воглавно во централните провинции, а за кинезите е многу позначајна кинеската Нова година, која е во февруари, а се дочекува првенствено во храмовите со ѕвонење и молитви. Во Русија Нова година се дочекува во 11 временски зони, додека граѓаните на Париз и туристите се собираат на Елисејските полиња.

Можеби ќе ве интересира: