Хит песната “Поздрави је поздрави” која што е дел од репертоарот на сите музичари на своите настапи, а ја има испеано еден од најпознатите српски фолк пејачи Мирослав Илиќ има своја приказна која се криела со години. Имено, оваа песна која што Илиќ ја снимил во далечната 1983та година, станала голем хит, па истата се наоѓа на неговиот албум кој што го носи името на овој вечен хит.
https://www.youtube.com/watch?v=zmVobnmSqgw
Меѓутоа, и после 30на години, малкумина ја знаат приказната или вистината за оваа песна. “Поздрави је поздрави” пред се била наменета и понудена на фолк пејачката Нада Топчагиќ, но откако не и се допаднала оваа песна, таа истата му ја отстапила на Мирослав Илиќ.
“Мислам дека сум една од пејачките која има најмногу одбиени хитови, почнувајќи од “Поздрави ја, поздрави…”, која му ја подарив на Мирослав Илиќ. Јас таа не сакав да ја пеам”, открила неодамна пејачката Нада Топчагиќ.
