Магазин

Кучињата можат да препознаат лоши луѓе

Неодамна објавено истражување покажало дека кучињата можат да препознаат верни луѓе. Непристојните и агресивни луѓе не можеле да ја стекнат довербата на кучињата. Кучињата јасно ја читаат комуникацијата меѓу своите сопственици и непознатите луѓе и покажуваат добро разбирање на општествените правила. Тие ги избегнуваат луѓето кои лошо се однесуваат кон нивните кучиња.

Истражувањето со кучињата го водел Акико Такаока од еден универзитет во Јапонија. Тој и неговиот тим сакале да видат дали кучето би му верувало на човек кој го излажал. Тие исто така сакале да видат дали кучето може да разбере и процени дали личноста е лојална или не.

Во експертиментот, сопствениците на кучињата прво со прст би покажале кон сад со храна. Кучето трчало кон садот, а потоа би го здогледал садот во кој всушност нема храна, што значи дека биле измамени. Уште претходно било познато тоа дека кучињата ќе трчаат кон предметите кон кои би покажал нивниот сопственик. Според тоа, се верува дека кучињата можат да ги разберат човечките гестови. Ако гестовите се недоследни, кучето може да стане нервозно или да доживее стрес. Вториот пат, кучињата не оделе онаму каде што им било покажано да одат, затоа што не им верувале на лажговци. Во експериментот учествувале 34 кучиња и сите реагирале исто. Кучињата ги користеле своите претходни искуства за да проценат дали може да и веруваат на личноста или не.

Има уште истражувања кои велат дека кучињата обрнуваат внимание и на тоа како другите луѓе се однесуваат со нивните сопственици. Во експериментот, сопствениците на кучето замолувале луѓе да им помогнат. После тоа, луѓето се обидувале да им дадат грицки на кучињата. И тогаш, истражувачите се изненадиле: кучињата не сакале да земат грицки од луѓето кои лошо се однесувале кон нивните сопственици. Тие земале грицки само од луѓето кои им помогнале на нивните сопственици.

Можеби ќе ве интересира: