Приходите одат за хуманитарни цели, како и парите остварени од продажбата на 24 други лотови поврзани со франшизата, а по повод прославата на 60 години Џејмс Бонд. Предмети од 35 други лотови може да се купат онлајн на аукцијата, која ќе трае до 5 октомври.

Репликата DB5, моделот со потпис на агентот 007, е едно од осумте возила специјално дизајнирани и произведени за играниот филм од 2021 година и е единственото возило за каскадер понудено на продажба од Aston Martin и продукциската компанија EON до денес.
На аукција се најдоа и други автомобили, филмски костими и предмети поврзани со познатата сага за британскиот шпион.
