Поп ѕвездата Лејди Гага преку својот профил на Твитер им упати поддршка на македонскиот учесник во музичкото шоу “X Factor Adria”, Филип Јаневски- Фифи и неговата колешка Мариела Џогани, кои настапуваат под името “Х2О”. Фифи и Маринела во првата полуфинална емисија на шоуто заедничко ја испеаа темата “Beautiful” од Кристина Агилера и успеаа да се пласираат во понатамошното натпреварување.
“Фифи и “Х2O” до победа! Само напред мали чудовишта”, стои на профилот на Твитер на контроверзната поп-ѕвезда.

