Магазин

Македонските финалисти доминираат во големото финале на IDJ Show (Видео)

Македонските таленти ја освојуваат музичката сцена во најгледаното музичко реално шоу IDJ Show. Во големото финале, кое ќе се одржи наредната недела, ќе се натпреваруваат Луна Бејков, Стефан Ефремов, Павле Васиљевиќ и Нина. Секој од нив веќе ги претстави своите песни, професионално снимени и продуцирани во рамките на шоуто.

STEFAN EFREMOV - NEPOPRAVLJIV (LIVE @ IDJSHOW 2024)
LUNA BEJKOV - PRIZNAJ (LIVE @ IDJSHOW 2024)

Од почетните 12 финалисти, овие четири имиња успеаја да ја освојат наклонетоста на публиката и жирито, кое и оваа сезона го сочинуваат Дарко Димитров, Реља Поповиќ и Наташа Беквалац. Оваа трета сезона ветува најспектакуларно финале досега, што ќе биде одржано само неколку дена пред дочекот на новата 2025 година.

Македонија со нетрпение го очекува исходот – дали токму еден од нашите претставници ќе ја понесе победата? Нека победи најдобриот!

Можеби ќе ве интересира: