Магазин

,,Марија во Америка”, првиот македонски подкаст од Америка, место каде што ќе се раскажуваат среќните и тажни судбини на македонците (Фото)

Уште еден подкаст во етерот, но овој пат од Америка. Секој македонец кој живее во Америка има некаква приказна да раскаже. Убава или не, позитивна или не, луѓето поминуваат низ секакви премрежја за да дојдат до она што се денес, нашинци кои живеат преку океански и сакаат да направат подобро утре за себе и своите најблиски.

Не е лесно да градиш дом подалеку од родното место, настрана од топлиот дом кој по некаква причина си го напуштил. Родени, донесени или преселени, во овој подкаст ,,Марија во Америка”, јавноста ќе види познати но и непознати македонци кои имаат уникатна, инспиративна и интересна животна приказна да раскажат.

„Живеејќи повеќе од 10-тина години во Америка, слушајќи секојдневно разни случки на нашите овде, сфатив дека она низ што поминуваат македонците за да стигнат до она што се, до она што го имаат, не е лесно. Треба јавноста да дознае за маките, за проблемите, за убавите работи, треба да се знае како е да се живее, работи, гради фамилија и кариера во Америка, ветената земја во која не е се мед и млеко“, изјави Марија Главчева, авторка и водителка на подкастот.

Веќе во етер е пуштена четврата епизода на подкастот која гледачите ќе може да ја гледаат на YouTube каналот Марија во Америка. Гостин во оваа епизода е македонскиот свештеник Тони Јошевски кој е отец во црквата св. Кирил и Методиј во околината на Чикаго. Јавноста ќе дознае како се станува македонски поп во Америка и како се живее како таков. Односно ќе ја дознае животната приказна на отец Тони, кој потекнува од ,,Баиро” во Битола, а денес е свештеник, светец од човек, за чија добрина, големина и широчина знае цела дијаспора.

Во претходните епизоди гости беа Калина Серафимоски, Ава Керш и Кирил Митоски. Кој ги пропуштил овие епизоди без двоумење да ги погледне затоа што се интересни, динамични, едукативни, а пред се, искрени.
Јавноста ќе може да очекува многу уникатни животни стории, од познати и непознати македонци. Својот живот во Америка ќе го раскажат и допрва ќе ги видите во подкастот Александра Пилева, Васил Гарванлиев, Илија Илов и многу други.

За да останете во тек со подкастот претплатете се или стиснете subscribe на каналот Марија во Америка на YouTube. Следете на социјалните мрежи, Инстаграм и Фејсбук – Марија во Америка за да бидете секогаш информирани за најновите македонски настани и гости од Америка.

Можеби ќе ве интересира: