Досега во неколку наврати имаме пишувано за она мало и слатко момче кое што се појавува на омотот од Киндер чоколадата, која веруваме и ден денес ја купувате и ви е превкусна. Токму тоа момче и веќе не е толку мало, туку денес има 30 години и веќе е успешен низ светот. Потекнува од Белград, соседна Србија, а веќе е познат манекен, се има појавено на мноштво модни ревии за познати светски дизајнери, многу насловни странсици насекаде низ светот…
Неговото име е Алесандро Егер и во интервју за една српска телевизија тој објасни како и на кој начин има стигнато до она што е денес.
“Јас сум роден во Белград и сите мои роднини од страна на мојата мајка потекнуваат од Србија. Татко ми има потекло од друга земја. Јас до моите 18 години често доаѓав во Белград, посебно за Божиќ, и најважно од се, таму бев секое лето”, вели Алесандро.
За него велат дека е најбараниот модел во Европа, дека е најомилениот модел на Донатела Версаче, има работено за многу познати светски модни индустрии како Долче Версаче, Армани… Често може да се види и на насловните страници од познатите модни магазини и часописи.

“Во модниот свет влетав без некој посебен план. Додека бев продавач барав работа. Јас започнав како актер, работев во Дизни каналот во многи детски серии. И сето тоа го работев до својата 20-та година, а потоа имав пауза со снимањата. Се вратив во Милано барајќи работа завршив во Версаче. Барав најобична работа, да бидам конобар или келнер или било што друго додека останатите продаваа. И сосема случајно додека на рецепција разговарав ме забележан кастинг директорот. Ми се обрати и ми рече: “Момче, дојди со мене”. И верувале или не, после неколку дена јас буквално бев со Донатела Версаче и се подготвував за ревија во јуни. И така започна мојата приказна со модата и она што сум денес”, додава Алесандро.
Тој меѓудругото вели дека во Италија е познат и по тв серија која и ден денес ја емитуваат и сеуште го препознаваат по улица и каде и да се движи. Не може да се прескокне, а да не се спомне дека многумина го знаат и како момчето од чоколадата. Нешто што е најново во неговиот живот и кариера е тоа што е дел од најновиот филм снимен за Гучи, во кој своја улога имаат и познатата Лејди Гага, Ал Пачино, Селма Хајек… и многу други. Тој за сето ова вели:
И сето ова што е поврзано со овој филм, верувајте, се беше без некој посебен план. Додека еден ден се враќав од некакво фото снимање, добив порака од мојот агент на мејл каде агенцијата која што прави кастинг за филмот би сакала да ме погледне мене и да погледне она што сум јас и што се можам. Јас веднаш му се јавив на мојот агент, на мојост стилист и се она како што беше барано да се појавам, со наочари, со костум… сакав сето тоа да биде совршено и одлично направено од моја страна. Го направив она што го бараа и си реков: “Ајде, се надевам дека ќе помине”. И после две недели немаше никакви информации, ја гледав мојата пријателка како снима со Ал Пачино, тогаш малку се разочарав и си реков во себе дека нема да ме повикаат, бидејќи повеќето сцени колку што знам веќе ги беа снимиле. После повеќе од три недели, онака знам викенд беше, појдов да дремнам после ручекот и повторно на мајл порака од мојот агент. Тоа беше порака од продукцијата дека тие не би можеле да ме земат за таа улога за која што јас се надевав и се договаравме, но затоа пак, можеле да ме земат за некоја друга слична улога на таа. Јас кога го причитав тоа од радост дури ја разбудив девојка ми од вриштење и викање”, раскажува младиот артист за вклучувањето во филмот за Гучи. \

Тој потоа вели дека и покрај тоа што бил со некаков позитивен стрес, сепак, најстрашното поминало. На самото снимање се видел со актерот со кој што требало да снима и самиот вели дека тоа за него било едно големо искуство и нешто што досега никогаш не го доживеал. За жал немал прилика многу да разговара и да се види и со Лејди Гага, како и со останатата екипа, бидејќи се било така планирано што речиси сите знаеле дека се снима филм, дека Гага е во Рим. Тој на самиот крај од интервјуто вели дека многу би сакал да снима за својата сопствена земја, и дека веќе е во разговор со свој добар пријател кој што е режисер па зошто да не и да сними нешто на својот мајчин јазик.
Подготви: Иван Јосимовски
Фото: YouTube/Instagram
