Магазин

Музички блесок во Виена: Незаборавни настани во 2025

Виена, културното срце на Австрија, ќе биде сцена на некои од највозбудливите музички настани во 2025 година. Со настапи на светски познати уметници како Били Ајлиш и Guns’n’Roses, главниот град ќе понуди незаборавно музичко искуство за сите љубители на музиката.

Годината започнува со двојна доза енергија од американскиот панк-бенд Dropkick Murphys, кои ќе одржат два концерта во Gasometer на 14-ти и 15-ти февруари. По нив, британскиот кантавтор Џејмс Блант ќе ја воодушеви публиката со своите емотивни балади. Евровизиската сензација Лорин, двократна победничка, ќе ги изведе своите хитови „Euphoria“ и „Tattoo“ на 28-ми февруари, исто така во Gasometer, додавајќи дополнителна возбуда на зимските вечери.

Легендарниот Лени Кравиц ќе донесе своја уникатна енергија на 9-ти март во Stadthalle, што ќе биде настан кој љубителите на рок музиката не смеат да го пропуштат.

Со доаѓањето на летото, Виена ќе заблеска со настапот на поп-иконата Били Ајлиш на 6-ти јуни, дел од нејзината турнеја „Hit me Hard and Soft“. Концертот на Карлос Сантана на 30-ти јуни во Stadthalle ќе биде уште една врвна вечер со неговите незаборавни хитови. Јули е месец на спектакли: Роби Вилијамс на 12-ти јули на стадионот Ernst-Happel, Лајонел Ричи на 16-ти јули во Stadthalle, и Iron Maiden на 17-ти јули, ќе понудат разновидност за секој музички вкус.

Кулминацијата на летото ќе биде концертот на Guns’n’Roses на 24-ти јули на стадионот Ernst-Happel, со специјални гости – Секс Пистолс и Франк Картер, што ветува незаборавна рок вечер.

Виена во 2025 година ќе биде магнет за љубителите на музиката, нудејќи разноликост и квалитет на светско ниво. Подгответе се за година исполнета со музички блесок!

Можеби ќе ве интересира: