Пита со месо во лимена кутија од Втората светска војна е пронајдена под дрвен под во хотел во градот Даглас на британскиот остров Ман, и беше изложена во локалниот музеј. Божиќниот оброк му го испратила една жена на својот син морнар Фил Дејвис. Металната кутија е пронајдена во 1998 година при реновирање на хотелот, но останале досега заборавени во подрумот на музејот Менкс. Оброкот и по 80 години изгледа прилично зачувано, благодарение на сувиот воздух под хотелскиот под.
“Ова се посебни делчиња од топли човечки приказни. Божиќ е вистинско време повторно да заблескаат”, изјави кустосот на Менкс, Метју Ричардсон. Хотелите на крајбрежјето на Ман во Втората светска војна служеле како објекти за сместување на британските војници.
