Магазин

Најмасовниот турнир во 3×3 баскет, Red Bull Half Court, гостува во Скопје

На 15-ти јули, на добропознатото кошаркарско игралиште во Влае, Скопје, ќе се случи најмасовниот шампионат во 3×3 баскет – Red Bull Half Court.

На кратко, се работи за турнир во 3×3 баскет кој се одржува во 28 држави ширум светот, а завршува со светското финале во Белград, кое ќе се одржи од 16-18 септември на Калемегдан. Со повеќе од 15.000 очекувани натпреварувачи, Red Bull Half Court е најголемиот глобален натпревар во 3х3 баскет.

Која е идејата и целта на Red Bull Half Court?
Red Bull Half Court се базира на играње брза и возбудлива кошарка која има за цел промовирање офанзивна кошарка со што е можно поголем број на поени.

Основни правила.
Тимовите учесници мора да се состојат од 3 или 4 играчи, сите полнолетни и резиденти на Македонија. За време на турнирот, освен што треба да се изборат за победа, исто така една од екипите-учеснички (таа со најголем број на постигнати поени, вкупно во сите натпревари) добива уникатен бонус – Own the Court бонус. Овој бонус го добива тимот во секоја група што има постигнато најмногу поени кумулативно во сите натпревари. Ова значи дека не е потребно да се брка по секоја цена побееда на сите натпревари, затоа што постои шанса за прогрес во турнирот и на друг начин.

П.С. Own the Court е единствениот бонус на Red Bull Half Court турнирите!

Победничкиот на Red Bull Half Court во Скопје, ќе има шанса да ја претставува на Светското финале во Србија и да се бори со тимови од скоро 30 различни држави. А таму ќе имаат и шанса да запознаат светски имиња од светот на 3х3 баскетот како Душан Булут и Lethal Shooter.

Можеби ќе ве интересира: