Иако е актуелна со познатиот хит “Опет си са њом” кој го промовираше на регионалното музичко шоу “X Factor”, сепак не застанува тука, таа на својот facebook профил објави фотографија заедно со својот тим со подготовки за новиот видео спот. Локацијата е веќе избрана, а станува збор за позната плажа во Црна Гора, Будва што може да се види од прикажаното, несомнено е дека и овој пат сака да ни приреди уживање, но со оглед на тоа што незнаеме за која песна станува збор, може да претпоставиме дека се работи за летен хит.
Таа веќе започна со концертната турнеја низ целиот балкански регион, прва дестинација и беше во Котор, клубот Максимус каде специјален гостин и беше нејзиниот учесник од “X Factor” Алекса Перовиќ.

