Магазин

По четврти пат во Прилеп настанот „На Василица во Прилеп“, пронаоѓачот на паричката сеуште непознат

По повод празникот Свети Василиј Велики или познат како Василица по четврти пат во Прилеп се одржа настанот „На Василица во Прилеп“. Настанот се одржа денеска напладне, а неговата локација беше под прилепската саат кула. На настанот Општина Прилеп во соработка со неколку општествено одговорни пекарници за присутните поделија 500 парчиња бурек, а во едно од парчињата се наоѓаше и паричката. Покрај бурекот за присутните се делеше греано вино и топол чај, но до подготовка на овој прилог пронаоѓачот на паричката е непознат бидејќи, истиот не е пријавен кај организаторот кои за среќниот пронаоѓач има подготвено пригоден подарок.

Претседателката на советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска-Ловквенец на денешниот настан во Прилеп ја пренесе пораката за љубов и се надева дека Василица ќе се празнува во мир. На среќниот пронаоѓач му посака мир во семејството, а на општината и посака просперитетна година.

„Како претседателката на општинскиот совет сакам до нашите сограѓани да ја пренесам пораката да доминира љубовта и доброто бидејќи, тоа го победува злото, и се надевам дека овој ден ќе го празнуваме во мир. На среќниот добитник ќе му честитаме и ќе му посакаме мир во семејството, а на Општина Прилеп и посакувам просперитетна година“-вели Стерјовска-Локвенец.

Анкетираните граѓани веруваат дека паричката носи среќа, а исто така тие посакаа пред се’ здравје, а потоа и мир.

„Традицијата е многу убава. Секогаш се дружиме на овој убав празник, и верувам во среќната василичарска паричка“-вели еден посетител.

„Јас сум од Велес и кај нас паричката се врти за Бадник. Оваа традиција не ми е позната бидејќи, јас прв пат доаѓам во Прилеп“-вели друг посетител.

„Паричката мене ќе ми донесе радост, среќа, мир“-вели помал посетител на настанот.

Оргнизатор на настанот е Општина Прилеп,а  според традицијата во Прилеп семејството на овој ден се собира на трпеза за ручек и се врти бурек со паричка. Верувањето за овој празник кај прилепчани е дека оној што ќе ја пронајде паричката целата година ќе го прати среќа, здравје и успех.

 

Христијан Ангелески известува од Прилеп за Музика 24

 

Можеби ќе ве интересира: