Магазин

Почнаа снимањата на кулинарското тв шоу “Брза кујна”, но со нова водителка (Фото)

Како што дознава порталот Музика24, веќе започнаа снимањата за новата сезона на популарното кулинарско тв шоу “Брза кујна” кое се емитува на националната тв Сител. Иако можеби малку доцна, но сето тоа е поради пандемијата од коронавирус која што навлезе речиси во сите сегменти од нашиот живот. Шефовите и домаќини остануваат исти, Марк де Јонг и Никола Мишковски, но во оваа сезона има мала но сепак суштинска промена.

Наместо досегашната водителка која што од непознати причини веќе не е дел од овој телевизиски проект, нова водителка е младата, убава, секогаш насмена и позитивна Сања Савеска која што гледачите веќе ја препознаваат од тв екраните и која што до неодамна беше дел од Телевизија 24 каде што водеше забавни емисии, утринската програма, како и прилози и линкови за потребите на информативната редакција на ТВ24.

Колку само за потсетување, првата сезона на кулинарското тв шоу „Брза кујна“ го водеше Билјана Максимовска на чие место набрзо дојде Александра Илиевска. Исто така во минатата петта сезона Марк и Никола имаа замена од двајца свои колеги, но тие само ги надополнуваа низ емисиите.

Можеби ќе ве интересира: