Магазин

Погледнете: Кои се најдобри филмови со љубов на далечина (Видео)

Сакале ние или не, се наоѓаме во период од животот кога мораме да седиме дома се поради нас, нашето здравје и секако здравјето на нашето семејство и најблиските. Претпоставуваме дека на повеќето од вас им претставува тешкотија сето ова изолирање и затворање во домовите, но додека сте пак во оваа состојба кога вистински и реално можете од се и сешто да се одморите и да си посветите малку повеќе време на себе и вашето семејство, ние од забавната рубрика на Музика24 ви нудиме неколку предлог филмови каде што љубовта сепак успева и е можна и кога постои некава препрека, нели, кога се сака се е можно и успева.

Следните филмови кои со задоволство ви ги препорачуваме да ги погледнете во текот на овој ден или следните денови, главните ликови кои претежно се осамени, тажни, депресивни… ја пронаоѓаат својата љубов која е на далечина, дури и се вљубуваат во неа и без да се видат.

Но да не пишуваме повеќе на оваа тема, погледнете ги следните романтични комедии кои би требало да ги погледнете и да уживате во истите…

“Те чека мејл”

Кетлин, која ја толкува Мег Рајан, има книжарница во Њујорк. Во љубовниот живот таа се обидува да го пронајде својот идеален партнер на интернет и така почнува виртуелна врска со маж кој го игра Том Хенкс. Двајцата негуваат онлајн-врска и ќе одлучат да се сретнат дури подоцна во филмот.

“Врска на далечина”

Ерин, која ја толкува Дру Беримур, е практикант во еден весник. Таа се запознава со Герет (Џастин Лонг), со кого ќе започне врска. Но, наскоро ќе мора да се разделат и ја продолжуваат врската на далечина.

“Како луд”

Ана и Џејкоб имаат љубовна афера во САД. Кога Ана, која е од Велика Британија, ќе биде принудена да се врати дома поради истекувањето на нејзината виза, таа одлучува да остане уште неколку месеци во САД за да биде со Џејкоб. Тоа ќе ја чини многу, бидејќи нема да може повторно да влезе во САД. Младиот пар мора да продолжи врска на далечина со сите други проблеми, како проблеми со администрацијата, љубомора и предавство.

“Таа”

Теодор Томбли е херојот во оваа романтична комедија сместена во иднината. Теодор поминува низ развод и несвесно се вљубува во софтвер кој го инсталира на телефонот. Гласот на апликацијата го дава Скарлет Јохансон.

“Со љубов, Роузи”

Роузи и Алекс се пријатели од детството. Но, нивните различни животни патеки ќе ги раздвојат географски и сентиментално. Сепак, тие постојано мислат еден на друг во период од 12 години. Дистанцата не го уништува нивното пријателство.

Можеби ќе ве интересира: