Магазин

Правел по 300 склекови на ден, доживеал неверојатна трансформација (Видео)

Хозе Зунига кој што е популарен на YouTube со своите корисни видеа, го искористил времето во изолација за да ја среди својата мускулатура. Зунига секој ден правел по 300 склекови, по 100 наутро, преку ден и навечер и го направил телото непрепознатливо.

Вежбал и други вежби, но исто како и вообичаено. За време на изолацијата за појадок јадел 1200 калории, ужина од 500 калории, за ручек 1000 до 2000 калории, уште еден оброк, вечера од 1000 калории, а сето тоа завршувало со шејк од 800 калории – па дневниот внес изнесувал околу 4950 калории.

“Мускулната маса се јакне па подолгото повторување на вежбите станува полесно и побрзо”, рекол Зунига. На почетокот тој имал 81 килограм, а по 30 дена тежел 86 килограми со видлив и дефиниран раст на градите.

“Ова беше многу брутално. До десеттиот ден градите и рамениците ми беа толку многу болни од повторување на истите вежби секој ден повторно и повторно”, рекол тој.

За што поточно станува збор и како тој тоа го успеал, погледнете го видеото во продолжение:

Можеби ќе ве интересира: