Магазин

Прочитајте: Кои се градовите со најголеми плати во светот

“Дојче банк” го претстави годишниот извештај за цените по светот. Тој го пресметува трошоците за стоки и услуги во најголемите градови. Вклучени се стоки како кутија цигари, просечна изнајмување на еднособен стан, трошоци за превоз, храна, сметки за домаќинство. Еден од критериумите кои банката ги пресметува е и просечниот доход на човек во овие градови. Податоците од кои се одземени даноците, се индикатор за богатството и на самите градови, пишува “Бизнис инсајдер”.

Во општи црти градовите кои се рангирани напред во листата, се наоѓаат во северната хемисфера во развиените западни економии. Напред се и градови од јужната хемисфера од Австралија и Нов Зеланд. Прочитајте кои се градовите во светот со највисоки средни приходи по даноци.

  • Цирих, Швајцарија – 5876 долари
  • Сан Франциско, САД – 4817 долари
  • Бостон, САД – 4322 долари
  • Њујорк, САД – 4303 долари
  • Чикаго, САД – 3622 долари
  • Сиднеј, Австралија – 3451 долари
  • Мелбурн, Австралија – 3344 долари
  • Осло, Норвешка – 3154 долари
  • Сингапур – 3077 долари
  • Копенхаген, Данска – 2958 долари
  • Велингтон, Нов Зеланд – 2941 долари
  • Токио, Јапонија – 2897 долари
  • Лондон, Велика Британија – 2776 долари
  • Оклaнд, Нов Зеланд – 2762 долари
  • Хонгконг – 2715 долари
  • Франкфурт, Германија – 2626 долари
  • Стокхолм, Шведска – 2622 долари
  • Хелсинки, Финска – 2620 долари
  • Даблин, Ирска – 2603 долари
  • Париз, Франција – 2583 долари
  • Торонто, Канада – 2560 долари
  • Амстердам, Холандија – 2493 долари
  • Отава, Канада – 2446 долари
  • Единбург, Шкотска – 2293 долари

Можеби ќе ве интересира: