Според ново истражување на Универзитетот Кембриџ, социјалните мрежи откриваат многу повеќе отколку што посакуваме, како на пример, нашата интелигенција, емоционалност и моментната емотивна состојба.
Што е тоа што не издава и може ли да се прикриеме?
Интернет профилите и трагите се најточен одраз на нашето интернет поведение, смета Веселин Попов, вработен во Психометричкиот центар при Кембриџ и еден од одговорните за испитувањето. Истражувањето опфатило над осум милиони лица, при што сите пополниле по еден психометрички тест.
Врз основа на одговорите и преку компјутерски алгоритми, научниците дошле до заклучок дека од профилот на еден човек на интернет може да се дознае каков е тој и во вистинскиот живот. Во објавите на поемоционалните луѓе, често се среќаваат зборови како “веќе”, “болен” и “мразам”. Во оние пак, на помалку емотивните луѓе, најчесто читаме: “игра”, “успех”, “недела” и “слава”. Пораките говорат и за тоа дали сме интровертни или екстровертни. Поотворените често користат зборови како “забава”, “љубов”, “ноќ” и “викенд”.
Позатворените луѓе пак, ги употребуваат зборовите “компјутер”, “не”, “не сакам” и “интернет”. Дали еден човек е депресивен, исто може да се прочита од објавите. Обично, луѓето кои се во депресија објавуваат црно-бели фотографии. Профилната слика пак, многу често не го одразува вистинското моментно расположение, како ниту фактичката состојба
