Магазин

Протест и контрапротест во Холандија за Дедо Мраз

Додека децата во Холандија го очекуваат доаѓањето на Дедо Мраз , во земјата се организираат протести и контрапротести. Со протестите за и против помошникот на Дедо Мраз, Блек Пит, кои станаа речиси традиционални на интересен начин се одбележува Синтерклас (холандска верзија на Свети Никола).

Според медиумите, во улогата на Блек Пит најчесто се белци кои го фарбаат во црно лицето. Неговите обожаватели го гледаат како традиционална детска фигура, додека противниците сметаат дека претставува стереотип на расизам.

Парадата на доаѓањето на Дедо Мраз ќе се одржи утре во селото Зандејк, северно од Амстердам, а преносот ќе биде емитуван на националната телевизија. Локалните власти најавија дека има најавено четири групи демонстранти на протести, две кои го поддржуваат помошникот на Дедо Мраз и две кои се противат на неговата појава.

Можеби ќе ве интересира: