Веќе сме на почетокот на месец август или на средината од ова лето кое никако малку да не освежи со пониски температури. Секој од нас сака да конзумира, да вкуси и проба летни освежителни пијалаци, какви и да се што ќе ни ја разладат барем за момент и душата и телото. Нашиот музички портал во делот за забава, овој пат ќе Ве научи и покаже како и на кој начин сами да си подготвите безалкохолно мохито, кое верувајте не чини многу во нашите македонски кафулиња, но секогаш е поубаво и подобро кога нешто сами ќе си подготвите, зар не?!
За подготовка на безалкохолно мохито, во домашни услови, потребни Ви се следните состојки:
- 8 листови нане
- 2 лажички кафеав шеќер
- 75 мл.сода вода или спрајт
- 250 мл.кршен лед
- 1 парче лимета
- 1 исцеден сок од лимета
И откако ќе ги набавите сите овие претходно споментаи состојки, следната постапка е приготвување на мохитото. А тоа се прави на следниот начин. На дното од стаклена чаша се става нане, сок од лимета, кафеав шеќер и сето тоа се меша. Откако добро сето тоа ќе го измешате, во истата чаша се става кршениот лед, потоа се ставаат неколку кришки лимета, и на крајот се додава сода вода или спрајт.
И тоа е тоа. Потоа се пие подготвеното мохито и секако се ужива во добра македонска музика и одлично друштво.
