После хит синглот “Хурем” кој е актуелен низ цел Балкан, хрватската пејачка Северина повторно со нешто ново ќе не изненади. Станува збор за нов сингл каде што сега заедно со видео спот ќе го промовира во јавноста, а она што е интересно е токму објавената фотографија пред неколку минути со што дава до знаење дека во прв план ќе биде нејзиниот сексапил.
Иако во последно време медиумите се преокупирани со килограмите на поп пејачката, сепак таа покажа дека одлично се држи за нејзините години кој може многумина да и позавидат.
Подготви: Редакција Музика24
