Магазин

Среќен роденден Биба!

Денес освен што е петок, 4-ти октомври, последен ден од работната недела, денес е и роденден на нашата мила и драга колешка и многу добра пријателка Билјана Биба Крнческа од интернационалниот портал „Свет Аустралија“.

Велат дека годините воопшто не се битни, туку она како човек се чувствува. Па така без никаков срам таа на своите профили на социјалните мрежи со гордост ги споменува своите 55 години или како што и самата вели: Дупло одлична – одлична 55.

Таа својот роденден ќе го прослави во добро одбрано друштво со свои блиски пријатели во еден од најубавите македонски градови, македонскиот Ерусалим – нашиот преубав Охрид.

Ние од редакцијата на музичкиот портал Музика24 од се срце и го честитаме роденденот и секако и посакуваме пред се многу здравје, среќа и успех како и досега во се она што го работи, и многу позитивна енергија, насмевки и среќни и убави моменти и во следните 55 години.

Среќен роденден Биба!

Можеби ќе ве интересира: