Black Friday оргинално потекнува од Америка каде се оди на масовен шопинг. Таму има големи попусти, но кај нас тоа претставува повеќе како трик на компаниите, отколку реален попуст. Црниот петок ја зафати и Македонија, каде цените се дури и повисоки на одредени места, велат одредени потрошувачи.
Инаку попустите кај нас се движат од 20 до 40 посто. Во Америка Black Friday следува после денот на благодарноста и со него се означува всушност почетокот на големата божиќна шопинг сезона и претставува најпрометен ден во продажбата воопшто во текот на годината. Сеуште овој ден не е прогласен за празник, но во Калифорнија и други неколку американски држави државната администрација не работи.
