Повеќе светски кладилници, а најмногу руските, во постојаниот недостаток на спортски настани во својата понуда вметнаа прогнози поврзани со кризата која моментално владее во светот.
Така една руска кладилница во понудата има вметнато сите оние кои сакаат и им недостасува обложувањето, да се обложуваат кога и каде ќе биде откриена вакацината за коронавирусот. Тие во својата понуда оставаат сите оние кои се заинтересирани да се обложуваат дека откривањето на вакцината ќе биде до крајот на оваа година, и при тоа истото е со доста високи коефициенти. Тие меѓудругото претпоставуваат дека до 31-ви декември Светската Здравствена Организација ќе објави дека вакцината е откриена отколку дека тоа нема да се случи.
Во понудата има и да се обложуватре дали Елон Маск лично ќе објави дека ја открил вакцината, на што коефициентот е дури 200, а голема е веројатноста дека до крајот на годината ќе биде направена видеоигра со тематика борба против невидливото зло.
Играчите исто така можат и да се обложуваат и дали Доналд Трамп од својата кула во Њујорк ќе направи привремена клиника, за што за вложени 100 денари, ќе добиете 1.400.
