Магазин

„ТАНЦОВИЗИЈА 2026“ – прослава на танцот, различностите и заедништвото

Танцовото студио Dancers United на 9 декември 2026 година ќе ја одржи „ТАНЦОВИЗИЈА 2026“, својата 13 инклузивна танцова претстава, посветена на славењето на различностите, инклузијата и моќта на танцот да ги обединува луѓето.

Претставата се реализира по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ден посветен на подигнувањето на свеста за правата, достоинството, можностите и еднаквото учество на лицата со попреченост во општеството. 

Настанот ќе се одржи на сцената на Националната опера и балет во Скопје, со две претстави, во 18:00 и во 20:00 часот. 

Инклузивните танцови претстави се важен дел од приказната на Dancers United. Нивната традиција со години испраќа порака дека танцот е универзален јазик што ги поврзува луѓето, без оглед на возраста, можностите и способностите. Преку овие настани, студиото создава простор за изразување, прифаќање и заедничко славење на талентот. 

Овогодишната претстава ќе донесе нова сценска приказна, исполнета со креативност, енергија и емоции. Посебна можност за публиката ќе биде гласањето во живо за омилените настапи, со што посетителите ќе станат активен дел од настанот.

Организатор е танцовото студио Dancers United, а продукцијата ја потпишува Сара Кочан. Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија, како дел од програмата за проекти од национален интерес во културата.

Информациите за продажбата на билетите ќе бидат објавени наскоро.

Можеби ќе ве интересира: