На брдото над дунавската магистрала, точно на патот помеѓу хидроелектраната Ѓердап 1, се оддржи шестата работна акција “Тито 2019”. Со помош на почитувачите на историјата и потомците, како и средношколците и оваа година на 26-ти мај го средија просторот посветен на едно време, на Маршалот Тито.
“Приказната за Социјалистичка Федеративна Република Југославија започнува токму тука”, вели авторот на оваа приказна новинарката Сузана Михајловиќ Јовановиќ. Таа уште додава дека секој мај на ова место општинската организација на населеното место Кладово не дозволува ова место да пропадне и да биде заборавено ова спомен обележје.
“Иако во меѓувреме се менуваа системите, начинот на живот и на убедување и уредување… сепак, Тито се уште живее во Кладово”, вели новинарката Сузана.
Младите вклучени во оваа работна акција велат дека со ова го обновуваат споменот на Тито, и дека за нив ова не претставува никаква тешкотија. Многумина од нив добро не незнаат кој е Тито, но благодарение на своите баба и дедо, родителите и интернетот запознаваат кој всушност бил овој човек и што се направил во своето време кои нашите родители и родителите на нашите родители многу добро го паметат и со задоволство се подсетуваат на тоа време.
“Основната цел е ова спомен обележје да го одржуваме и целиот овој простор да изгледа како што тоа некогаш изгледало, во времето на социјализмот, во времето на Тито, во она добро време”, изјави Драган Станојевиќ еден од организаторите на оваа работна акција.
Дел од организаторите велат дека кога прв ја стартувале оваа работна акција биле само осуммина и незнаеле ниту како ниту од каде да почнат, со оглед на тоа дека целото место било запуштено и заборавено во времето. Но лека полека, година по година, ова место личи и го добива оној сјај исто како и тогаш кога за прв пат било поставено.
